еве ви една
Конечно се појавила работа која мажите ја чекаат со векови - халина која покажува во каква емоционална состојба се наоѓа жената.
Од внатрешната страна на халината Bubelle, која е дизајнирана од страна
на електронскиот гигант Филипс, се наоѓаат емоционални сензори кои
сигналот го испраќаат на надворешната страна која менува бои во
зависност од расположението на жената. На овој начин веднаш може да
видите "на што сте!"
Емоции како стрес, страв или напнатост создаваат светло кое потоа ги менува боите, во зависност од интензитетот на емоцијата.
"Ова парче облека е многу комплексен електронски и биохемиски уред кој е многу осетлив на емоционалната состојба", изјавила дизајнерката на халината, Lucy McRae.
Истражувачите на една холандска компанија моментално работат на
електронски тетоважи кои исто така ќе менуваат боја во зависност од
расположението.