Еве мене овој ми беше интересно
Човекот може да произведе ласерска светлина, милион пати посјајна од сончевата светлина.
Кога би се растегнале и споиле сите крвни садови на еден просечен возрасен човек, тие би биле долги околу 100. илјади километри, што е еднакво на должината на 2,5 екватори на Земјата.
Шансите еден човек да биде погоден од метеор е еден спрема 9.300 години.
Кога би се направил прстен од неутронски ѕвезди, тој би бил тежок 100 милиона тони.
Обичен ураган произведува енергија еквивалентна на осум илјади бомби со јачина од еден мегатон.
Големиот корален гребен, еден од најубавите украси на нашата планета што се наоѓа покрај крајбрежјето на Австралија, е најголемата жива структура на Земјата, а нејзината должина изнесува дури 2.600 километри.
Најголемата брзина со која што човек возел велосипед изнесувала 268 километри на час, а ја постигнал Фред Ромпелберг.
Пред 60 до 65 милиони години, човекот и делфинот имале заеднички предци.
Просечна личност случајно јаде по 430 бубачки годишно.
Сите океани содржат толкаво количество сол, со неа да се покријат сите континенти со слој дебел 150 метри.
Температурата на површината на Меркур преку ден ја надминува температурата од 430 степени целзиусови, а преку ноќ се спушта на 180 степени Целзиусови.
Поларните мечки поради карактеристичното крзно, речиси е невозможно да се детектираат со инфрацрвена камера.
Поларните мечки можат да трчаат со брзина од 40 километри на час и да скокаат шест метра во височина.